По 23 години во брак, актерите Кевин Бејкон и Кајра Седвик мислеле дека знаат баш се еден за друг, но не ни помислувале дека може да ги поврзува нешто повеќе од љубов.
Гостувајќи во емисијата “Finding Your Roots”, која се занимава со проучување на семејното стебло, откриле дека се роднини. Двојката всушност е во далечна роднинска врска и од чиста љубопитност се согласиле на учество во емисијата.
Тие сакале да го истражат своето семејно стебло и дошле до навистина необичен заклучок.