Научниците тврдат дека лајт призводите нема да помогнат во процесот на слабеење на децата кои имаат проблем со голема телесна тежина. Австралиските научници направиле едно истражување и било забележано дека таквата исхрана, со лајт призводи, не направила никаква промена во тежината.
Шест месеци на група деца им била давана само ваква храна, но немало намалување на тежината. Но, научниците забележале и една позитивна промена од конзумирањето на ваквата храна. Со внесувањето на храна со помала масленост се намалува ризикот од срцеви заболувања и се намалува холестеролот.