Повеќето мажи и жени би се согласиле дека најдобриот сексуален акт треба да вклучува долга и чувствителна љубовна предигра. Ако обрнете доволно внимание и време на предиграта, умножувањето на задоволството од сексуалниот акт е гарантирано за двајцата партнери.
Партнерите имаат потреба од малку повеќе загревање, за да се доволно возбудени, мажите имаат потреба од подолго време за да стигнат до ерекција, а жените да се навлажнат доволно.
Љубовната игра вклучува различни моменти, почнвајќи од соблекувањето, бакнувањето, галењето и оралната љубов. Предиграта е толку важна за добриот секс, зошто ќе помогне на жената да достигне полесно и почесто до оргазам.
Уште една причина за подолга љубовна игра е затоа што вака можете да разберете што точно сака вашиот партнер и што го возбудува најмногу. Не срамете се да го прашате какви се неговите желби и очекувања, а исто така треба да сте слободна и опуштена и кога тој ќе ве праша за истото. Добрата комуникација секогаш води до добри резултати секаде, па и во сексот.