Некои мајки се толку зафатени што забораваат многу работи, но свое дете?!
Нема да верувате, но на Викторија Бекам и се случи да го заборави својот син! Поточно, таа отиде да го однесе својот тринаесет годишен син Бруклин на училиште, а притоа го заборави.
– Влегов во автомобилот, го наместив столчето за ќерка ми Харпер, го ставив iPod-от и тргнав кон училиштето. Но тогаш видов дека сум го заборавила Бруклин во кујната – изјави Викторија.
– Возев кон училиштето, кога погледнав кон седиштето и помислив, “Нешто заборавив” рече Викторија.
Сопругата на Дејвид изјави дека во тој момент се почувствувала како идиот и додаде:
– Јас бев во автомобилот, Харпер беше во автомобилот, но оној што требаше да го однесам на училиште не беше во автомобилот.