Во рамки на најновата операција на италијанската полиција против мафијата, уапсени се околу 80 лица, а меѓу нив и градоначалник и двајца кандидати за претстојните локални избори на партијата на Берлускони.
Полицијата во Калабрија уапсила 40 лица заради поврзаност со моќниот локален синдикат на мафијата, а градоначалникот на местото Марина ди Џојоза, Роко Фермија е уапсен заради поврзани работи со мафијашки фирми.
Уапсен е и еден полицаец заради наводно изнесување информации во врска со истрагата.
Во областа кај Неапол уапсени се уште 40 лица заради принуда, шверц со дрога, обид за убиство и напади на кланот Полверино.
Извор: Нетпрес