Патнички воз кој сообраќал на релација Кичево – Скопје удрил во велосипед управуван од Исмаил Д. од Тетово кој починал на лице место.
Имено, несреќата се случила вчера пред железничката станица во Тетово на див патен премин кога возот управуван од машиновозачот С.Ш удрил во велосипедот по што Исмаил од здобиените повреди при незгодата веднаш починал.
Увид на лице место извршиле ИС, ЈО и екипа од тетовската полиција. По наредба на ИС, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
Извор: Нетпрес