Цеца повторно на суд, сега за насилство

popara13 мај, 20111min00
ceca-raznatovic
Откако се спогоди со судот во Србија, за обвинението за незаконски трансфери на фудбалери и противправно присвојување на околу 2,3 милиони евра, Светлана Цеца Ражњaтовиќ, повторно ќе се најде на обвинителната клупа, овојпат заедно со својот зет Предраг Оцоколиќ, пишуваат срспките евсници, пренесува Нетпрес.
Таа е обвинета за насилничко однесување бидејќи на 18 јуни, 2007 година, пред управната зграда на ФК “Млади пролетер“, заедно со Оцоколиќ, грубо го навредувале, а потоа му нанеле лесни повреди на Александар Оларевиќ, директор на клубот. Според обвинението, Цеца и нејзиниот зет дошле пред управната зграда и го повикале Оларевиќ да излезе надвор, а кога дошол фолк пејачката почнала да го навредува.
“П…о една го крадеш клубот од моите сирачиња. Да беше жив Аркан, тоа сигурно не би го правел … Ти не знаеш кој стои зад мене, кои луѓе и кои институции“, му викала Цеца на Оларевиќ.
По ова Оцоколиќ физички го нападнал директорот на ФК “Млади пролетер“, удирајќи го со тупаница во десната страна на лицето. Целиот инцидент се одвивал пред очите на повеќе сведоци, меѓу кои била и сопругата на Оларевиќ, Снежана. Цеца и Оцоколиќ си заминале откако Снежана Оларевиќ повикала полиција.
“Го спроведуваме законот. Овој обвинителен предлог против Светлана Ражњатовиќ и против Предраг Оцоколиќ, обвинети за насилничко однесување, нема никаква врска со претходно склучената спогодба за признавање на вината. Овој обвинителен предлог има своја правна судбина“, изјавил за весникот “Политика“, јавниот обвинител Љубомир Ѓорѓевиќ.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag