Убавата принцеза, Кејт Мидлтон се врати на теренот на нејзиното прво училиште „Свети Андреј“. За време на посетата, во чест на празникот „Свети Андреј“, на годишната прослава на светецот кој е заштитник на Шкотска, Кејт официјално го отвори новиот „Astroturf“ хокеј-терен на трева.
Таа била поканета да се приклучи на една партија хокеј на трева, па војвотката иако облечена во фустан од Александар Меквин и со чизми со високи потпетици, сепак успеала да се справи успешно трчајќи по теренот.