Еден бразилски затвореник неодамна во обидот за бегство бил спречен од необична пречка – неговиот стомак.
Поточно, осудениот Рафаел Валадао (28) најверојатно го извел наjглупавиот обид за бегство во историјата на бразилските затвори, бидејќи се заглавил во дупката од ѕидот, на што чуварите во затворот „пукнале“ од смеење.
Четири затвореници со помош на цевката од тушот направиле дупка во ѕидот на ќелијата, но не ја завршиле работата до крај, па така Валадао кој имал стотина килограми се заглавил благодарение на неговиот поголем стомак.
Цимерите се обиделе да го бутнат, но не успеале.
http://www.youtube.com/watch?v=dq_4iqBiTGA&feature=player_embedded