
Индиец веќе девет месеци живее на дрво во екстремни услови, поради тоа што неговата жена не сака да му се извини за неверството.
Индиецот својата сопруга ја фатил со соседот кој живее во куќа до нивната во Мумбаи. Бидејќи таа одбила да се извини за своето дело, 25-годишниот Санџај се качил на дрво од кое не сака да се смине додека таа не се извини, пишуваат странските медиуми.
Преживува благодарение на плодовите од дрвото и храна која му ја носат роднините. Јаде и спие на дрвото. Дури и се ‘олеснува’ на него. Неговата мајка, наводно, рекла дека на сите роднини им кажал дека ќе се убие ако продолжат да го убедуваат да се симне.
Бидејќи мажот не направил никаков прекршок и не се обраќа никому, полицијата не може да интервернира, а неговата сопруга се вратила кај своите родители и сеуште не се извинила.