Церемонијата на инаугурацијата на претседателот Барак Обама ја зачини една од најпознатите ѕвезди во светот.
Бијонсе ја одушеви многубројната публика на церемонијата за заклетвата на вториот мандат на Барак Обама. На општа радост од стотици илјади насобрани во центарот на Вашингтон, но и многу повеќе од оние пред малиот екран, Бијонсе ја пееше американската химна.
Видно возбудена, со насмевка на лице светската дива ја заврши својата работа, а покрај одличниот перформанс, многумина го коментираа и нејзиниот изглед.
Се појави во тесен црн фустан, кој го открива нејзиното тело, а ципканите детали дадоа заводлива нота на целокупниот изглед. Погледнете!
http://www.youtube.com/watch?v=jUB3lDAPh8U&feature=player_embedded