Хирурзи заборавиле 16 предмети во тело на пациент

22 јануари, 20130
doktori

Дирк Шребер по завршување на операцијата на рак на простата претрпел неиздржливи болки. Кога хирурзите повторно го однеле на операција, пронашле игла, завој, делови од хируршка маска и други инструменти.

Овој 74-годишен маж од Германија доживеал страшни болки после успешната операција на рак на простата. По операцијата тој имал неиздржливи болки поради кои дури не можел ни да седи.

Локалните Германски медиуми велат дека било потребно неколку недели да се утврди која е причината за болките.

Кога хирурзите повторно го отвориле Шребер, биле во шок од тоа што го виделе. Во внатрешниот дел на телото бил пронајден речиси цел сет инструменти за операција, а меѓу другото пронајдени биле завој, игла и делови од хируршка маска.

Поради тоа Шребер морале два пати да го оперираат со цел да ги извадат сите инструменти. Фамилијата после овој несреќен случај барала отштета во износ од 127.000 долари, додека болницата понудила само 660 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi