Крис Браун е уловен со солзи во очите по вечерно излегување со Ријана во Greystone Manor во Холивуд.
Но, точната причина поради која овој пејач станал емотивен сеуште не е утврдена.
Браун одлучи на неделната забава да се појави со Ријана и се изгледало совршено додека во клубот не се појавила неговата поранешна девојка Каруче Тран во придружба на новиот дечко.
Ријана набрзо го напуштила клубот, а 10 минути по неа изглегол и Крис со солзи во очите. Дали ова се должи на Ријана или Каруче, не е откриено.
Беше тоа тешка недела за овој 23-годишен R&B пејач по расправијата со пријателот Френк Океан.
Крис го избришал и Instagram профилот поради негативните критики.