
Принцот Хари неодамна бил забележан во еден од елитните ноќни клубови во Лондон во интимна атмосфера со една од девојките на Pussycat doll групата.
Според она што го изјавиле гостите на клубот, принцот Хари цела вечер буквално не се одвојувал од сексапилната Ешли Робертс (31). Принцот изнајмил ВИП сепаре каде цела ноќ нарачувал пијалоци за своите пријатели и група згодни девојки, меѓу кои била Ешли и која успеала да го привлече неговото внимание. Хари танцувал со неа, ја гушкал и нежно и шепотел на уво…
„Би бил многу среќен кога Ешли би се согласила да излезат на втор состанок на некое мирно и романтично место“, велат неговите пријатели.
Откако се врати од Авганистан каде учествуваше во воена мисија, принцот Хари постојано се забавува.
