
Необичните настани поврзани со метеорите во Русија и Куба го зголемија интересот на јавноста за овој феномен, на што ќе ги надоврземе мистериозните топки пронајдени во Босна.
Да ве потсетиме дека претходно во Богоња беа пронајдени топки тешки неколку десетици килограми и прилично добро запазени и веројатно стари неколку илјади години, а во Костајница беше пронајден метеорит со форма на јајце и тежок 8 тона.
Месното население било шокирано бидејќи вакво нешто претходно никогаш не виделе. Научниците тврдат дека овие топки се доказ дека уште многу одамна на територијата на денешна Босна паѓале необични небесни тела.
Откако во петокот падна метеор во Русија, метеорот кој е пронајден во Костајница преку ноќ стана атракција.
