Музичката легенда Боб Дилан изјавил во интервју снимено во 1966 година, а прв пат објавено денес, дека бил зависник од хероин, но дека успеал да се извлече, пренесува (BBC).
“Се тргнав од хероинот во Њујорк“, рекол познатиот пејач.
“Едно време бев навлечен, но престанав да користам. Тоа ме чинеше 25 долари дневно и престанав“, додал музичарот.
Во дво часовното интревју направено во авионот на Дилан, додека тој имал турнеја низ Америка, музичарот изјавил и дека размислувал на самоубиство.