Холивудскиот актер Џони Деп за британскиот магазин OK изјавил дека нема намера да се жени со Ванеса Паради.
Јас и Ванеса сме заедно веќе 12 години. Од првиот монет кога ја видов, а беше свртена со грб знаев дека таа е жената на мојот живот. Ако може да се каже таа ми е најголемото достигнување и најголемиот успех во животот. Ние не мислиме дека бракот е неопходен. Имаме две деца, 11 годишната Лили Роуз и Џек кој сега има девет, изјавил Џони.