Софија Копола конечно попушти се се сложи повторно да стапи во брак. По неколку години врска со рокерот Томас Марс, таа ќе стапи во брак ова лето. Како место кое го одбраа за да си ги разменат брачните завети е вилата на нејзиниот татко, Францис Форд Копола. Вилата се наоѓа во Италија и датира од 19 век.
Инаку Софија и Томас се веќе неколку години во врска и имаат две заеднички ќерки, четири годишната Роми и Косим која има 23 месеци.