Во ерата во која доминира опсесијата со младост и убавина, Кармен Дел Орфеис е доказ дека, убавината и младоста немора да бидат неразделно поврзани концепти.
Иако овој викенд таа наполни 80 години, Кармен и понатаму владее на модните писти, кои ги освои на 15 години со нејзината насловна фотографија на магазинот Vogue, а од тогаш шест пати се појавувала на овој престижен магазин, а била заштитно лице на 14 козметички кампањи.
Седокосата Кармен зрачи со елеганција и софистициран изглед, а нејзиното лице претставува симбол на убавина кој трае.
Патот до славата бил трнлив. Таа е родена во мешовит италијанско-унгарски брак, а поголемиот дел од турбулентното детство го има поминато низ домови и роднини. Таа позади себе има три брака и една ќерка.