Следниот пат кога ќе тргнете во набавка за намирници, земете некое овошје од кои самите ќе спремите маска за нега на кожата.
Маска од лимон за чистење на лицето
Состојки:
1/8 филџан мелени бадеми
2 лажички млеко или павлака
1 лажичка сок од лимон
Добро измешајте и ненесете на кожата. Кога маската ќе се исуши на кожата, темелно исплакнете со млака вода.
Како делува:
Според Д-р Сју Долан авторот на книгата “Природна нега: Рецепти за подмладување”, лимонот е природен извор на алфа-хидроксид кислина (АХА) и антиоксиданс. Долан вели: “Природниот облик на АХА, како што е лимонот е честа состојка на многубројни домашни рецепти за нега на кожата, не само поради тоа што одлично ја чисти кожата,исто така ја тонира, тој е нежен и ефикасен пилинг“.
Портокал за ревитализација на кожата
Состојки:
1 жолчка од јајце
1 лажичка мед
1/8 филџан сок од свеж портокал
1 пакување желатин
Добро измешјте. Нежно измасирајте на кожата и оставете да делува 20 до 25 минути.
Како делува:
Портокалот е главен извор на АХА и витамин Ц, кој, клинички докажано, спречува настанување на брчки. Авторот на оваа маска Долан појаснува: “Жолчката дава влажност и цврстина, медот хидратизира, а сокот од портокал нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата и потикнува создавање на нови клетки”.
Маажска за лице од јагоди
Состојки:
½ филџан свеши јагоди
1 лажица свежо млеко
1 лажица пченкарно брашно
Измешајте ги сите состојки додека не се изедначи смесата. Нанесете ја врз лицето и вратот и оставете да делува 20 минути. Исплакнете со топла вода. Оваа маска користете ја два пати неделно.
Како делува:
Јагодите содржат природни антиоксиданси, кои се многу добри против стареење, а киселината од јагодите ги отстранува мртвите клетки од кожата, оставајќи ја блескава и мазна.