Малибу Клиф Вила се вика оваа куќа која се наоѓа на островот Ломбок во Индонезија. Се наоѓа помеѓу Бали и Сумбава и претставува вистински рај, особено за овие пеколни горештини и летни денови кога одморот е задолжителен за секој од нас.
Вилата има четири спални, играчница за деца доколку ги имате и 18-метарски базен на кој никој нема да успее да му одолее. Додека се сончате крај него, ќе можете да видите како мајмунчиња се забавуваат на гранките од кокосовите дрвја.
На крајот на денот, откако ќе посетите некои од околните ресторани и ќе ја пробате домашната кујна, ќе минете убав ден на прекрасното индонезиско сонце, ќе можете да се опуштите со убава када и миризливи масла додека гледате како сонцето потонува во морето некаде во далечината… додека го гледате совршеното зајдисонце на хоризонтот.