Англиските медиуми се убедени дека крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Португалецот Нани, го одигра последниот меч за “ѓаволите” и дека од почетокот на следната сезона би можел да заигра во Италија или Шпанија.
Имено, Сер Алекс Фергусон трага за наследник на Пол сколс, најблизу до таа улога е Весли Снајдер од Интер, а шкотскиот стратег би можел да го испрати Нани на ”Меаца”.
Местото на Нани на ”Олд Трафорд” е загрозено, бидејќи во Манчестер го очекуваат да пристигне и Ешли Јанг.
Португалскиот полу шпиц исто така е на мета на Реал Мадрид.