Ѓоковиќ го откри името на бебето
22 октомври, 20140
Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на својот Фесјбук профил напиша дека е горд и среќен поради раѓањето на неговиот син, на кого му го дале името Стефан.
-Сега сме тројца, пресреќни сме. Горд сум на мојата прекрасна сопруга која го роди нашиот прв ангел Стефан – напиша тој.
Ѓоковиќ им се заблагодари и на обожавателите за честитките.