Porsche Cayenne дефинитивно важи за еден од поспособните и поголеми SUV модели, но тој дефинитивно не е семоќен ако пред него се постават премногу тешки предизвици, како што е преминувањето на река без претходно утврдување на длабочината.
Сопствениците на големи SUV автомобили со погон на сите четири тркала, понекогаш како да забораваат дека и покрај целата таа современа технологија и робустност, сепак се работи за цивилен автомобил кој е можеби способен за нешто посериозно off-road возење, но сепак не се работи за специјални возила какви што на пример користи војската, кои би биле способни и да “пливаат” кога би се укажала потреба за нешто такво.
Токму еден таков сопственик на Porsche Cayenne го искуси тоа и на сопствена кожа, обидувајќи се да ја “прегази” реката со својот автомобил, кој во еден момент сепак “згази” во премногу длабока вода и остана беспомошно да плови!
https://www.youtube.com/watch?v=qAqMAA7jRpE