Серијата „Beverli Hills 90210“ беше апсолутен хит во деведесеттите години. Сите се забавувавме со тинејџерскиот живот на друштвото од Беверли Хилс.
Од првата епизода се поминати 25 години, а за тоа време пораснаа и некогашните тинејџери.
Една од главните улоги ја имаше Шенон Дорети, позната како Бренда Волш. Симпатичната бринета која освојуваше преку малите екрани, денес има 44 години и уште неколку популарни серии и филмови зад себе. Најголем успех постигна како една од „Волшебничките“.
Втората половина од близнаците Волш ја играше Брендон или Џејсон Престли, кој денес има 46 години. Има глумено уште во две серии и некои филмови.
Убавата русокоса Кели Тејлор ја глумеше Џени Гарт, која беше омилен женски лик тогаш. Денес има 42 години и бројни улоги зад себе.
Заедно со Кели тие беа најпопуларниот пар во Беверли Хилс. Лук Пери во улога на Дилан Макеј беше еден од најголемите заводници. Оваа серија беше негов најголем успех, бидејќи после неа нема добиено некоја позначајна улога.
Тори Спелинг во серијата ја глумеше Дона Мартин и оттогаш не се тргна од тв екраните. Денес има 42 години, а зад себе има бројни реални шоуа и епизоди од различни серии.
Брајан Остин Грин (42) ја играше улогата на Дејвид Силвер кој никако не успеваше да ја освои Дона. Затоа во приватниот живот ја освои прекрасната Меган Фокс. Тој порасна во еден од најатрактивните актери.
Добриот другар Стив Сандерс го глумеше Ајан Зиринг, кој денес има 51 година, а зад себе бројни кратки улоги во разни серии и анимирани филмови и видеоигри во кои го позајмува гласот.
Габриела Картерис беше најстара од глумиците со тогашни 29 години, а ја глумеше 16-годишната тинејџерка Андреа Закерман, која секогаш беше посериозна од останатите. Денес ретко се појавува на филмското платно.
Кој беше вашиот омилен лик?