Во конзерва туна пронашла мистериозно суштество со црни очи!

popara5 февруари, 20151min00
Во конзерва туна пронашла мистериозно суштество со црни очи!

Зое Бутлер (28) од Британија во конзерва туна здогледала нешто што – гледало во неа! Имено, кога ја отворила конзервата, во туната се наѕирало некакво суштество.

Фотографиите им ги испратила на компанијата која ја произведува туната, а компанијата се извинила и објавила дека истрагата е во тек.

Жената одлучила да го сочува непознатото угинато суштество со мали црни очи додека не добие некоја повратна информација за тоа што точно нашла во конзервата, пишува Дејли мејл.