Дечкото сака да ме остави, па ми треба позитивен тест за бременост (потоа ќе одглумам абортус) – напишала меѓу другото младата студентка, додавјќи дека „дискрецијата е загарантирана“.
Младата студентка од Универзитетот во Белград побарала од колегите на студентската Фејсбук страница да и` помогнат во потрага по позитивен тест за бременост, бидејќи по секоја цена сака да го задржи дечкото.
Таа подоцна во коментарите открила дека „случајно го изневерила дечкото“ и дека затоа сака да ја остави.