ЦЕЛИ 12 ГОДИНИ БИЛ ВО КОМА: Се разбудил и раскажал неверојатна приказна!

popara25 август, 20201min00
8

Мартин Писториус имал само 12 години кога лекарите му дијагностицирале криптококен менингитис. Со текот на времето, поради својата состојба се претворил во „билка“, бидејќи ги изгубил моторните способности и нормалниот живот.

Неговите родители биле очајни кога лекарите им рекле да го одведат дома да умре. Тие тоа го направиле, меѓутоа момчето не починало. Додуша, за него се грижеле повеќе од деценија, но немало ниту еден знак на на напредок.

Таткото на Мартин наутро станувал во 5 часот, го облекувал, го ставал во автомобилот и го водел во специјален дневен престој каде момчето поминувало осум часа, пренесува Npr.org.

„После тоа го земав, го бањав, хранев, го ставав во кревет и му местев аларм да му звони за два часа како би се свртел, за да не добие декубитис“, објаснува таткото на Мартин како изгледала нивната секојдневна рутина. Дванаесет години ова семејство се грижело за Мартин без ниту еден знак на подобрување. Неговата мајка Џоан била толку многу очајна, што во еден момент насвојот син му порачала: „Се надевам дека ќе умреш“.

Денес е целосно свесна колку е ужасно тоа што го кажала, но вели дека само сакала некое олеснување. Неверојатно, но денес Мартин вели дека бил свесен на се што се случувало околу него, бидејќи вегетативната состојба сепак не го опфатила целосно. Бил заробен во тело кое не сакало да соработува со него.

„Да, бев присутен, но не од почетокот. Откако две години поминав во вегетативна состојба, почнав да се будам. Бев свесен на се, како секоја друга нормална личност“, се присетува Присториус. „Сите се навикнаа на тоа дека сум отсутен, така да не забележаа кога почнав да се „будам“. Бев погоден од фактот дека остатокот од животот ќе го поминам вака – целосно осамен“, вели Мартин.

„Во таква состојба не мислите на ништо. Само постоите. Тоа е многу мрачно место на кое може да се најдете, бидејќи во некоја рака, си дозволувате да исчезнете“, ја продолжува својата приказна Присториус.

Тој станал толку депресивен што бил убеден дека никој никогаш нема да биде нежен кон него и дека нема да биде сакан повторно. Но, за својата мајка нашол разбирање.

Како што поминувало времето, научив да се „носам“ со очајот на мајка ми. Секој пат кога ќе ме погледнеше, би видела грозна пародија на она што некогаш било здраво дете кое го обожаваше“, додава тој.

Мартин одлучил дека му е доста од таков живот и со силна волја одлучил да ги превземе работите во свои раце. Почнал така што открил кое време е според движењето на сончевата светлина во просторијата. После тоа, како што мислите му тргнале кон позитивност, се случило нешто неверојатно – и неговото тело почнало да се опорава. Трганл кон целосно неочекувано невролошко опоравување и неговата макотрпна борба да докаже дека е присутен.

Мартин сега има 39 години и живее во Англија со својата партнерка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag