Легендата на светскиот фудбал, Бразилецот Роналдо оваа сезона ја заврши кариерата, а својот последен меч го одигра во дресот на Коринтијанс. Од деновите кога Бразилецот ја воодушевуваше Европа со своите игри, сеуште се бара “новиот Роналдо”.
Многумина сметаат дека тоа е неговиот сонародник Нејмар, иако тој не сака да го споредуваат со Луис Назарио да Лима Роналдо.
“Не сум новиот Роналдо, не сум вреден за такви споредби.” – рекол фудбалерот на Сантос.
“Скај Спорт” денеска после пладне објави дека договор меѓу Реал и Сантос е постигнат и Нејмар ќе се пресели во “кралскиот клуб”.
Дали ова или следното лето, сеуште не е познато.
Според наводите, трансферот изнесува околу 40 милиони евра.