Со оглед на тоа што нејзините постари сестри неколку пати го покажаа голиот задник, тоа одлучи да го направи и најмладата ријалити сестра.
За да не заостане зад постарите сестри Кардашијан, но и помладите полусестри Кендал и Кајли Џенер, Клои Кардашијан одлучи да се фотографира целосно гола.
31-годишната Клои одлучила да покаже апсолутно сè на најновите фотографии кои настанале за време на нејзиниот одмор во Сент Барт.
– Значи… се случи. Додека бевме на одмор во Сент Барт одлучивме без подготовки да направиме едно снимање. Џојск Бонели, Џен Еткин и нејзиниот сопруг Мајк Росентал исто така беа на одмор со своите семејства. Се испостави дека Мајк е одличен фотограф. Навистина имавме среќа така да се наместат работите! – напишала Клои на својот сајт.
– Малку се напивме и некако ова фотографирање се заврши целосно без облека – објасни Клои.
– Иако многу работев за да ја достигнам оваа линија и понатаму сум во шок од каде собрав храброст за вакви фотографии – напиша ријалити ѕвездата.