Гламурозни декорации со стотици илјади свежи цвеќиња, блескава венчаница од Зухаир Мурад, грандиозна сала за 800 гости и незаборавна забава со музички ѕвезди… Кога свадбениот буџет нема ограничувања, резултатот е спектакуларна прослава.
Свадбата на Јасмина и нејзиниот избраник Амер, која се одржа во Бејрут, потсетува на волшебна бајка. Убавата невеста изгледаше како принцеза во фустан и превез од Мурад украсени со стотици кристали.
Погледнете ги фотографиите од екстравагантната свадба.