Ана Николиќ ги израдува своите фанови со провокативна фотографија која што ја објави на популарната социјална мрежа Фејсбук.
Ана овие денови е носталгична па на нејзиниот Фејсбук профил објави фотографија од 2008 година со која ги воодушеви нејзините фанови. Таа на фотографијата позира гола, облечена само во чизми и покриена со бел чаршав.
Некои медиуми веднаш се запрашаа дали и недостига телото од пред 7 години па решила да ја објави оваа фотографија или пак, само сакаше да добие лајкови и да го привлече вниманието на медиумите. Како и да е, едно е сигурно, а тоа е дека оваа фотографија не остана незабележана од машкиот дел од нејзината публика.