Самуел Ето, би можел ова лето да го напушти Интер, бидејќи призна дека размислува за неколку понуди. Одличниот напаѓач во текот на минатата сезона, често изјавуваше дела со сигурност останува, но сега го менува мислењето, веројатно поради заминувањето на Леонардо.
“Точно е дека има неколку понуди за мене. Имам еден месец да ги разгледам и да одлучам што ќе правам. Имам 30 години и блиску сум до исполнување на голем договор и ќе видам дали останувам или заминувам” изјави Ето и додаде:
“Моето евентуално заминување не е за да заработам 200 или 300 повеќе и да играм за клуб во кој ќе уживам”.
Не откри кои клубови се заинтересирани за него. “Имам понуда од добри клубови” кратко изјави Ето.