Куќата во која е роден Хари Потер сеуште е на продажба

popara28 септември, 20181min00
х

Куќата од 14 век во англискиот град Лавенхем во округот Сафок, каде што е познато дека е роден познатиот волшебник Хари Потер од книгата Џоан Роулинг, сеуште е на продажба, веќе една година од објавувањето на огласот.

Старото здание е опишано во книгата “Хари Потер и Реликвиите на смртта: Прв дел” како место каде што лордот Волдемор ги убил родителите на волшебникот, пренесе британската телевизиска мрежа BBC на својот сајт.

Куќата е на продажба од минатата година со цена од речиси милион фунти. Агентот за недвижности изјави дека куќата не најде вистински купувач.

Една од најочигледните средновековни куќи во тој дел на земјата, се појавува и во филмовите за Хари Потер. Зданието некогаш беше дел од семејството Де Вер, кое во Средниот век беше второ најбогато семејство во Велика Британија после кралот.

Куќата ги задржала карактеристиките на овој период, како што се дрвените конструкции, каминот, ѕидните слики и спиралните скали со рачни декорации на нив.

Книгите за Хари Потер доживеале планетарен успех со повеќе од 45 милиони продадени примероци ширум светот. Екранизацијата на романот исто така доживеа рекорд со повеќе од седум милијарди долари заработувачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag