Откако повторно го демантираа доведувањето на Марек Хамшик, сега Фабрегас повторно е главна тема. Шпанецот е супер засилување кон кое цели италијанскиот шампион. На сите им е познато дека Барселона е најзаинтересирана за Цеск Фабрегас, но доколку не се реализира тој трансфер, Милан ќе си ја бара својата шанса. Челниците на Удинезе објавија дека Санчез чини 50 милиони евра, па останува да се види дали Барселона ќе има доволно пари за Чилеанецот и Фабрегас. Галијани уште порано изјави дека ‘росонерите’ во август месец ќе извршат напад на својот ‘Мистер икс’. Дали во прашање е капитенот на Арсенал, Цеск Фабрегас останува да се види.