Американската комичарка Челзи Хандлер ги исмеала Србите во нејзиното шоу “Chelsea Lately” таа кажала дека се за срам и разочарување. Коментирајќи го настапот на Ејми Вајнхаус во Блеград каде пејачката настапила пијана и ја напуштила сцената пропратена со лоши звуции критики.
Челзи и нејзините гости ја критикувале реакцијата на србите. “Не можам да верувам дека Србите воопшто си дозволуваат да одат на концерти”, вели комичарката, а потоа прочитала што напишал српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, на својот Facebook профил по концертот и во исто време се чудела како србите воопшто имаат Facebook. “Концертот на Ејми Вајнхаус беше срам и големо разочарување”, прочитала Челзи, а потоа додала –“ И вашата земја е за срам и големо разочарување”.
http://www.youtube.com/watch?v=POFTRFXAL9g&feature=player_embedded#at=73