Разиграни и секси: Пердувите, неизбежни модни детали за оваа сезона
Пердувите се единствениот моден детаљ кој ја прави секоја модна комбинација гламурозна, фантастична и невообичаена.
Претходно беа резервирани само за ѕвездите од златните времиња на Холивуд и по некоја актерката на црвениот тепих, денес нема причина да не носите пердуви секој ден, по цел ден.
Тие се деликатни и впечатливи, а на секоја модна комбинација и дава лелеавост, а помалку и театралност.
Оваа година, тие се присутни во колекциите на големите дизајнерски имиња, но и на уличната облека.
Совршено изгледаат на сакоа, како и на краток коктел, но исто така и на дол фустан, и совршени се за маици, блузи, јакни.
Се препорачува да носите поедноставни модни парчиња со пердувите, а ако ги сакате само како детаљ, ви се нуди одличен избор.
Се наоѓаат на брошеви, обетки, ташни, па дури и на чевли.