Терористичката „Исламска држава“ ја превзема одговорноста за двојниот бомбашки напад врз католичката црква, во провинцијата Џоло во јужните Филипини, каде што загинаа најмалку 20 лица, а беа повредени повеќе од 80 лица.
Според зборовите на филипинските официјални лица, првата експлозија настанала внатре во црквата, а другата на паркингот.
Нападите се случија по одржаниот референдум за автономија на подрачјето наречено Банџаморо. Повеќето жители го поддржаа планот за самоуправување до 2022. година.
На референдумот што се одржа на почетокот на минатата недела, 85% од населението ја поддржаа можноста за независност на регионот.