Да, малата тетоважа може да предизвика голем удар, тоа го научивме на примерата од Лејди Гага, која нè поттикна да ги истражиме другите мали холивудски тетоважи (a ги има многу). Ова е нашиот избор …
Kaia Gerber
Нејзината тетоважа е инспирирана од сликата на Пабло Пикасо од 1949. година, на која е прикажана гулабица и женско лице и го симболизира на мирот во светот.
Kylie Jenner
Кајли има истетовирано фонетската форма на зборот „sanity“, што би значело присебност, односно ментално здравје. Таа рече дека често и се чини дека живееме во луд свет, а тетоважата и служи како потсетник дека треба да остане цврсто на земјата.
Brooklyn Beckham
Како најстарото дете во семејството, Brooklyn одлучил да го тетовира годините на раѓање на неговите браќа и сестри. Слатко, нели?
Bella Hadid
Bella има мали ангелски крилја на зглобовите, кои одговараат со ангелските крилја што ги носи на Victoria’s Secret.
Kendall Jenner
Истиот уметник кој и ги тетовирал крилјата на Bella, Кендал, пијанa одлучилa да тетовира „meow“ во внатрешноста на усните.
Demi Lovato
Најслатката од сите, како шеќер, за крај ја оставивме оваа едноставна тетоважа на Demi Lovato. Смајлито на малиот прст за секогаш добро расположение дефинитивно го заслужува нашиот лајк.