
На социјалните мрежи, се појави видео на кое се гледа еден крадец кој сака да ја ограби жената на банкоматот.
Тој барал од неа да му ги даде сите пари, а кога му дала само 2.500 јуани, побарал да ги повлече сите пари од сметката. Преплашената жена му ја покажала состојбата на сметката, а кога виде дека тоа се сите пари што ги има, тој и го вратил украденото и само си заминал. Иако многумина го нарекоа “крадец со срце” и “добар крадец”, човекот наскоро бил уапсен.