Актерката го прослави 43. роденден.
Оскаровката Риз Витерспун го прослави својот 43-ти роденден, а нејзината ќерка Ава Елизабет ја искористи пригодата јавно да ѝ честита.
Прекрасната Ава објави фотографија со мајка си, додека во описот ѝ посвети емотивна порака.
– Среќен, среќен роденден на мојата прекрасна мајка. Ти си толку дарежлива, совесна и страствено љубезна личност, а јас сум толку благословена бидејќи сведочам за твојата светлина и љубов секој ден – напиша Ава.
Многу фанови коментираа дека тие изгледаат како близначки, а на Риз мора да и дадеме признание дека изгледа одлично.