Актерот зад себе има три брака и две деца.
Познатиот актер Николас Кејџ (55) е подготвен повторно да застане на лудиот камен!
Имено, тој веќе ги предаде потребните документи и наскоро ќе се венча со 19-години помладата Ерика Коика (36) во Лас Вегас.
Николас и Ерика се заедно скоро две години, а заедно почнаа да ги гледаат веднаш откако по 12-години брак, се разведе од својата трета сопруга, Алис Ким, со која има 13-годишен син по име Кал-Ел Копола Кејџ.
Неговиот прв брак со Патриција Аркер траеше 6 години, а потоа се ожени со Лиза Мери Присли. Овој брак траеше две години. Актерот има уште еден син, актерот Вестон Кејџ (28) од врската со актерката Кристина Фултон.