Од самиот почеток на кариерата која трае повеќе од две децении, познатата американска актерка Cameron Diaz има линија на која и завидуваме, а таа ја откри нејзината тајна.
Шармантната холивудска ѕвезда призна дека за важноста на урамнотежената исхрана станала повеќе свесна во доцните 30-ти.
– Поголемиот дел од она што го јадам самата го приготвувам. Обожавам да готвам и уживам во купувањето храна. Нема добра исхрана без труд. Најлесно е да се јаде надвор – вели актерката.
Витката линија, како што таа вели таа, се должи на исхраната, добар сон и физичка активност.
„Со прошетка најдобро се ослободувам од стресот“, призна Cameron, додавајќи дека од големо значење е и духовниот мир и таа практукува 20 минутна медитација еднаш неделно.
– Штом се разбудам, морам нешто да јадам. Тоа се обично пржени јајца или јајце на око на тост. Исто така, често јадам авокадо, јаболко со путер од бадеми и овесна каша. Ако сум премногу гладна, јадам дури и пилешко – открива Diaz.
Она што е интересно е дека актерката појадува двапати. Кога ќе заврши со нејзиниот утрински тренинг, следува уште еден оброк што е всушност некаков вид на ран ручек.