Туристот кој го снимаше алигаторот остана без телефон, сепак, тој веднаш сфати дека во целата ситуација може само да се насмее. Во видеото направено кон крајот на март во Њу Орлеанс, група туристи забележале алигатор. Сите веднаш ги извадиле своите телефони за да се фотографираат и да го снимат влекачот, но еден млад човек беше невнимателен, па телефонот му падна во вода.
Се чини дека младичот барем во дел од секунда помисли да го земе телефонот, но тогаш веројатно му текна дека сепак ќе биде подобро да ги задржи прстите.