И покрај големиот избор на современи производи за нега на трепките, не е на одмет потсетување на стари трикови уште од времето на нашите мајки и баби. Некогаш тие се и најдобри.
Маслиново масло: намачкајте по коренот и целите трепки. Оставете да отстои 5 мин. И потоа исплакнете со млака вода. Со редовна примена на овој трик, за месец дена ќе имате нови појаки трепки.
Вазелин: Пред спиење нанесете вазелин по целата долзина на коренот на трепките. Утрото исплакнете со млака вода.
Витамин Е: Овој витамин е еден од најдобрите лекови против опаѓање на трепки. Се користи на ист начин како и вазелинот.
Избегнувајте извиткувач – особено барем 2-3 месеци после некој од горе наведените третмани.