Оваа диета освен што ќе ги намали вашите килограми, таа помага и при проблеми со хипертензија, дијабетес, проширени вени, хемороиди, присуство на камен во жолчка, остеопороза и.т.н.
Правила за практикување на оваа диета:
– месо дозволено е да јадете риба, бело пилешко и тоа во количина не поголема од 100 гр
– маснотии- значи масла, путер, маргарини се забранети. Се советува да се користи само ладно цедено малсиново малсо и тоа во минимални количини.
– Од јајца се користи само белката
– Од млечни производи дозволено е да консумирате млеко и јогурт, ¼ на ден и сирење 30-50 гр на ден.
– Голем акцент се става на маешунките. Препорачано е дневно да се внесуваат по 100 гр. Внимавајте тоа нека биде: наут, црна соја, жолта соја, азуки грав, леќа, како и домашен грав.
– Житарици, се користат во форма на интегрални житарици, црн леб, тестенини од интегрално брашно,
– Дозволено е внес на секаков вид на зеленчук и тоа во неограничени количини.
– Овошје јадете два до три пати во денот, од 400 до 500 гр.
– Строго забрането е јадење на слатки
– За пиење дозволено е само вода и сокови кои се природни, свежо исцедени.
– Ужината секој ден е иста: едно парче овошје, свежа салата или 30 гр јаткасти плодови, суво овошје
1 ДЕН
Појадок: сок од морков 1,5 дл, 3-4 кришки двопек намачкан со 20-25 гр намаз од соја и 1 супена лажица пченични снегулки потопени во 1 дл јогурт
Ручек: крем супа од пченка со кисело млеко, варен компир, 100 гр барена риба или печена на скара, салата од рендана зелка зачинета со малку сол и сок од лимон.
Вечера: пита од зелка, варена белка, чај
2 ДЕН
Појадок: една чаша млеко, каша од јачмен, 1 парче интегрален леб премачкан со фил од варени јаболки.
Ручек: чорба од мешан зеленчук, боранија, морков, лук, магдонос, варен интегрален ориз, и салата од цвекло.
Вечера: 3-4 парчиња интегрален леб, 50 гр младо сирење, чаша јогурт.
3 ДЕН
Појадок: половина грејпфрут, палента со сок од јаболко, незасалден зелен чај.
Ручек: чорба од шампињони, три парчиња црн леб
Вечера: пица од пченкарно брашно со шампињони и чаша јогурт.