Иран и покрај меѓународните санкции сака да докаже дека е влијателна и силна земја, со тоа што во јули ќе испрати мајмун во вселената. Ракетата со која ќе лета мајмунот се вика “Kavoshgar-5”.
Иран со овој чин сака да докаже дека е силна земја и дека има развиена технологија.
Покрај неколку обиди со глушец и црви, Иран сега е спремен да испрати и мајмун во вселената пишува Time.
Моментално се дресираат 5 мајмуни, но само еден од нив ќе одлета во вселената.
Доколку биде успешен летот со мајмунот, Иран до 2017 година планира да испрати и човек во вселената, изјавил иранскиот председател Ахмадинеџад.