Холивудската актерка Шерон Стоун отсекогаш привлекувала големо внимание, особено кај машкиот пол.
Иако е во седмата деценија од животот, таа и понатаму изгледа феноменално и со својата насмевка освојува каде и да се појави.
Таа на Инстаграм неодамна објави видео на кое нема ни тронка шминка и предизвикала лавина од коментари.
Една од најфаталните жени на сите времиња се снимала во пижами и со разбушавена коса и апелирала до сите луѓе да носат маски заради пандемијата од коронавирус, истакнувајќи дека треба да мислиме и на другите, а не само на себе.
Шерон отсекогаш била олицетворение на вистинска и природна убавина, а со оваа објава дополнително ги воодушевила сите фанови, бидејќи покажала дека не се срами од својата несовршеност и дека се сака онаква каква што е.
Вакви примери се реткост меѓу јавните личности, кои најчесто објавуваат фотошопирани фотографии на кои изгледаат совршено, но дивата покажа дека е еден чекор понапред од другите.