На фрлените маски им се потребни до 450 години за да се разградат

popara9 август, 20201min00
naslovna

Лична заштитна опрема (ППЕ) за еднократна употреба значително придонесува за веќе сериозната криза со загадување на пластика, предупредуваат експертите.

Се проценува дека 194 милијарди маски и ракавици за еднократна употреба се користат ширум светот секој месец како резултат на пандемијата на вирусот корона, покажаа истражувањата за животната средина.

ППЕ обично се прави од разна пластика, вклучувајќи полипропилен, полиетилен и винил.

Волонтерите низ Велика Британија се сведоци на големо зголемување на количината ѓубре на улиците, плажите, каналите и реките, како резултат на маските за еднократна употреба.

Пластичните маски за еднократна употреба што завршуваат во морето, може да потраат и до 450 години за да дојде до нивно целосно распаѓање и остануваат во морскиот екосистем, според податоците на „Океани без отпад“.

Дури и ако се отстранува правилно, се тврди дека ППЕ не може да се рециклира бидејќи се смета за медицински отпад.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag