Хербиворите се соочуваат со поголем ризик од истребување во однос на карниворите, без разлика дали се работи за цицачи, птици или влекачи.
Хербиворите претрпеле поголема стапка на истребување во последните 50 илјади години во споредба со останатите членови од ланецот на исхрана, а тој тренд трае и до денес.
Најзагрозени се тревопасните влекачи како желките и големите тревопасци како слоновите.
Научниците заклучуваат дека на тој тренд веројатно влијалеле неколку причини, но се чини дека одредени дејства на човекот влијаат на тоа.
Загадувањето, како и загрозување на природните живеалишта имаат диспропорционално влијание на малите птици хербивори.
Постојат и исклучоци, месојадци кои живеат во морињата, чиј ризик од истребување е поголем, што значи дека се соочени со поголем егзистенцијален притисок од копнените месојадци.